Ролат од компири полнет со кашкавал, шунка и спанаќ – за 30 минути

Ролат од компири полнет со кашкавал, шунка и спанаќ – за 30 минути

Овој ролат можете да го послужите за слава или вечера.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 100 гр пармезан
  • 150 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • 100 гр спанаќ
  • 50 мл масло
  • 2 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Обложете плех со хартија за печење, па посипете со пармезан. Компирите исечкајте ги на тенки кругови, па наредете преку пармезанот. Малку преклопувајте за да не останат празнини помеѓу компирите. Повторно посипете со пармезан. Печете на 180 степени 20 минути.

     

  2. Извадете ги компирите од плех заедно со хартијата за печење, па наредете кашкавал. Потоа ставете спанаќ пропржен на сечкан лук. Преку ставете шунка, па свиткајте. Вратете го ролатот во плех, премачкајте со масло и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text