Рецепт за вкусен посен ручек.
Состојки:
- 4 стебла целер
- 300 гр туна од конзерва
- 2 чешниња лук
- 2 лажици посен мајонез
- маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Туната исцедете ја и со вилушка ситно изгмечете ја. Лукот исчистете го, испасирајте и измешајте во туната. Додајте мајонез, постепено ставајте маслиново масло и цело време матете додека не добиете кремаста и глатка смеса. Посолете, побиберете и изладете во фрижидер.
- Стеблата целер исчистете ги, имзијте ги, исечкајте ги на парчиња. Целерот распоредете го на тацна, распоредете крем, па на врвовите украсете со парчиња туна и листови магдонос.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна