Специјалитет! Печено свинско филе со дуњи

Специјалитет! Печено свинско филе со дуњи

Едноставно за подготовка, а многу вкусно јадење!

Состојки:

  • 2 парчиња свинско филе
  • 2 дуњи
  • 1 лажица масло
  • 1 гранче рузмарин
  • 3 лажички ракија од дуњи (по желба)
  • малку бел вински оцет
  • 2 чешниња лук
  • 20 гр путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исушете го, па посолете и побиберете. Во тава на силен оган загрејте масло, па пржете го филето 2-3 минути, убаво да порумени од сите страни.

     

  2. Префрлете во огноотпорен сад, додајте сечкани дуњи, рузмарин, ракија, вински оцет, изгмечен лук и путер.

     

  3. Добро измешајте, па ставете во загреана рерна на 200 степени да се пече 15-20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text