Уживајте во меки, кремасти залаци…
Состојки за бисквит:
- 6 белки
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 6 жолчки
- 6 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 прашок за печиво
- 100 мл масло
- малку чоколадно млеко
Состојки за фил:
- 500 гр кисела павлака
- 125 гр шеќер во прав
- 250 мл слатка павлака
- 300 гр мелени бисквити
Состојки за глазура:
- 250 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Разматете ги состојките за бисквит, префрлете во сад за печење. Печете на 200 степени 15-20 минути. Бисквитот потоа прелијте го со чоколадно млеко.
- Разматете павлака и шеќер, посебно разматете слатка павлака, потоа соединете и додајте бисквити. Мешајте додека не се соедини. Потоа филувајте го бисквитот. Измиксајте слатка павлака па ставете преку филот.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна