Направете Урнебес салата, идеален додаток за месо од скара

Направете Урнебес салата, идеален додаток за месо од скара

Еве како да направите вкусна Урнебес салата.

Состојки:

  • 500 гр полномасно кравјо сирење
  • 10 печени пиперки
  • 5 печени лути пиперчиња
  • 6-7 чешниња лук
  • 1 лажичка слатка пипер
  • малку масло
  • сол, ако сирењето не е солено

Начин на подготовка:

  1. Во голема чинија ставете сирење, па изгмечете го со вилушка.

     

  2. Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги, исчистете ги од семки, па ситно исечкајте ги и додајте во сирењето.

     

  3. Лукот изгмечете го, па додајте го во смесата. Кога масата ќе се изедначи, додајте слатка пипер, малку масло и повторно измешајте.

     

  4. Оставете да отстои во фрижидер пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт