Направете вкусна пита со шампињони, која веднаш ќе се изеде.
Состојки:
- 500 гр. готови кори за пита
- 1 кг. шампињони
- 2 главици кромид
- 2 чаши кисела павлака
- 3 јајца
- 1 мала шолја масло
- сол и бибер
Подготовка:
- Се динста на масло ситно сечениот кромид, во тава и му се додава малку вода.
- Се ставаат измиените и сечени шампињони, па се динста се заедно да испари водата, се ставаат и сол и бибер, се крчка и меша и се трга од оган кога водата е испарена.
- Се лади малку.
- Се прави фил од киселата павлака со три јајца, мала шолја масло и сол.
- Се реди во плех кора, па се премачкува со филот, па пак кора, па фил, па трета кора, а на неа смеса од шампињони.
- Така се редат сите кори една на друга, или пак се виткаат ролни по избор.
- Се печат на 200 степени на загреана рерна, додека поруменат.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт