Американски хамбург лепињи: Вкусна замена за леб

Американски хамбург лепињи: Вкусна замена за леб

Можете да ги користите наместо леб со било кој оброк, или кога сакате да направите вистински американски бургери.

Состојки:

  • 2,5 лажички квасец
  • 4,5 шолји брашно
  • 1,5 лажичка сол
  • 2 лажици шеќер
  • 75 гр растопен путер
  • 1/2 шолја млеко
  • 1 шолја млака вода
  • 1 јајце за премачкување
  • 1 лажица вода за премачкување
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода ставете шеќер и квасец. Оставете квасецот да нарасне. Во голема чинија ставете брашно и сол и измешајте. Во надојдениот квасец додајте млако млеко и путер. Квасецот полека додавајте го во брашното. Направете тесто. Тестото прекријте го со проѕирна фолија и оставете на топло место да нарасне.

     

  2. Нараснатото тесто ставете го на рамна, побрашнета површина. Тестото поделете го на 8 еднакви делови. Скеој дел направете го во облик на топчиња. Топчињата премачкајте ги со разматено јајце и вода. Потоа посипете со сусам.

     

  3. Топчињата ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Печете 15 минути на 200 степени.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text