Предлог за брза вечера: Цело семејство ќе биде воодушевено

Предлог за брза вечера: Цело семејство ќе биде воодушевено

Брза и вкусна вечера, ќе ја правите често.

Состојки:

  • 12 парчиња тост леб
  • 200 гр сувомеснато по избор
  • 300 гр кашкавал
  • 3 јајца
  • 500 мл млеко
  • сол
  • бибер
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Премачкајте со маргарин огноотпорен сад. Ставете прв ред тост леб, потоа шунка преку (половина од количината), и рендан кашкавал (половина од количината). Потоа повторно наредете ги останатите парчиња леб, шунка и кашкавал.

     

  2. Јајцата разматете ги, па додајте млеко, сол и бибер. Добро соединете, па рамномерно прелијте преку јадењето. Печете на 200 степени 20-25 минути. Кога ќе биде готово посипете со оригано.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text