Маринада за меко и сочно бело месо – пилешко кое се топи во уста

Маринада за меко и сочно бело месо – пилешко кое се топи во уста

Предлог за вкусен ручек!

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко бело месо
  • 2 јајца
  • 300 гр брашно
  • 2 чешниња лук
  • 1,5 лажичка сенф
  • 100 мл бело вино
  • 8 кругови лимон
  • 25 гр мед
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на тенки шницли, па посолете и побиберете. Ставете во тепсија. Во јајцата додајте сол и бибер, па додајте 1 лажица магдонос и прелијте го месото. Држете 5 минути во маринада, па потоа секое парче извалкајте го во брашно и испржете.

     

  2. Лукот ситно исечкајте го, па додајте во истата тава во која било месото (месото извадете го), па додајте сенф, 3 кругови лимон, бело вино и 1/2 лажичка сечкан магдонос. Измешајте и вратете го месото внатре, па додајте го останатиот лимон и магдонос. Прелијте со мед и гответе уште кратко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука