Спанаќ со сардини

Спанаќ со сардини

Спанаќ со сардини – вкусна комбинација за ручек.

Состојки:

  • 2 конзерви сардина
  • 600 гр спанаќ
  • 25 гр путер
  • 2 јајца
  • 50 гр рендан пармезан
  • 100 гр милерам
  • 1/4 лажица иситнет рузмарин
  • 1/2 лажичка сол
  • црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот добро исчистете го, измијте го и ставете да се готви во посолена вода. Гответе, излејте во цедилка и оставете добро да се исцеди. Потоа во електричен сецко иситнете спанаќ, рузмарин, сол и бибер.

     

  2. Додајте омекнат путер, разматени јајца, милерам и пармезан па добро измешајте.

     

  3. Премачкајте со путер огноотпорен сад, па наредете исцедени сардини, а по нив распоредете го подготвениот спанаќ и печете во рерна загреана на 190 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text