Царска чорба: Морков, карфиол и брокула – одлична комбинација

Царска чорба: Морков, карфиол и брокула – одлична комбинација

Брза и вкусна чорба!

Состојки:

  • 3 парчиња млад кромид
  • 1/3 праз
  • 450 гр царска мешавина (морков, брокула, карфиол)
  • сол
  • бибер
  • 1100 мл вода
  • 1 коцка јунешка супа
  • 1 јајце
  • 2 лажици кисела павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло. Додајте микс од зеленчук и зачинете. По краткото пржење, налијте вода и додајте коцка супа. Поклопете и гответе додека зеленчукот не омекне. Тргнете ја чорбата од оган и после неколку минути полека ставете разматена смеса од јајца и павлака, константно мешајќи ја чорбата со вилушка.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text