Мафини со вишни и ванила

Мафини со вишни и ванила

Вкусни мафини полни ванила и вишни – Совршена комбинација.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 гр. густ јогурт
  • 75 мл. масло
  • 100 мл. млеко
  • 250 гр. брашно
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 прашок за пециво
  • неколку вишни
  • шеќер во прав за горе

Подготовка:

  1. Се матат со миксер јајцата во сад со шеќер и ванилин шеќер.
  2. Се додава млеко, јогурт, масло и се убаво се меша.
  3. Се сеат заедно пудингот од ванила(прашокот) со брашно и прашок за пециво и се додаваат во смесата.
  4. Се става тестото во калапи за мафини.
  5. Се ставаат на врв неколку вишни.
  6. Се печат на 180 степени 30 минути.
  7. Се става горе шеќер во прав кога ќе бидат испечени и изладени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула