Брускети со крем сирење и пршута

Брускети со крем сирење и пршута

Вкусни брускети со крем сирење и пршута.

Состојки:

  • багет
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр крем сирење
  • 150 гр пршута
  • свеж рузмарин
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Багетот исечкајте го на парчиња. Секое парче леб истријте го со лук, па кратко запечете. Парчињата премачкајте ги со крем сирење и наредете пршута исечкана на листови. Пропрскајте со маслиново масло и декорирајте со гранчиња рузмарин, па послужете.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука