Доручек за 20 минути: Едноставна подготовка за штрудли со сирење

Доручек за 20 минути: Едноставна подготовка за штрудли со сирење

Едноставен рецепт за доручек кој ќе го правите постојано.

Состојки за тесто:

  • 100 гр кисела павлака
  • 1 жолчка
  • 10 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 250-280 гр брашно

Состојки за полнење:

  • 100 гр сирење
  • 1 белка
  • 40-50 гр сусам

Начин на подготовка:

  1. Со лажица соединете павлака и жолчка. Потоа додајте масло, повторно измешајте, па сол и прашок за печиво. Потоа измешајте па додајте половина од брашното, соединете со лажица, па додајте ја другата половина и тогаш замесете тесто со раце. Покријте и оставете да одмори 10 минути. Развлечете го тестото. Поделете на ленти.

     

  2. Сирењето иситнете го, па по должина на секоја лента ставете сирење. Затворете ги рабовите на тестото и малку притиснете со прсти. Премачкајте со белка и исечкајте штрудли. Потоа секоја извалкајте ја во сусам. Печете на плех обложен со хартија за печење на 200 степени 15-20 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text