Јадење од месо и компири: Еве како да направите вкусен ручек

Јадење од месо и компири: Еве како да направите вкусен ручек

Одличен рецепт, овој ручек често ќе го правите!

Состојки:

  • 800 гр свинско месо – плешка
  • 4 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • 1 морков
  • 5 компири
  • 100 мл вода
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • црвена пипер
  • ловоров лист

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки. Месото пропржете го на средна температура додека не фати кора, со постојано мешање. Потоа намалете ја температурата и додајте ситно сечкан кромид и морков на кругови и гответе додека не омекне. Кога кромидот ќе омекне зачинете и измешајте. Додајте вода и компир исечкан на ситни коцки. Компирите само ставете ги преку месото, па поклопете и гответе на тивок оган без мешање 20 минути. Потоа додајте сечкан лук, малку измешајте и исклучете го шпоретот.

Добар апетит!

Деталтие за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Тања“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула