Денеска на менито – тестенини со павлака, сос од печурки и шунка.
Состојки:
- 200 гр. тестенини
- 1 јајце
- 200 гр. кисела павлака
- 2 лажици инстант кесе од печурки
- 3 кисели краставички
- 150 гр. шунка на коцки
- 200 мл. млеко
- малку сирење и кашкавал
Подготовка:
- Се варат тестенини по упатството во солена вода, па се цедат.
- Се мати јајце со сад, се става павлака, сечената шунка и краставички.
- Се става се во цедените тестенини.
- Се ставаат 2 лажици од инстант супата од печурки во млекото, и се става и тоа во тестенините.
- Се меша, се става малку масло на плех и се ставаат тестенините.
- Се става горе рендано сирење и кашкавал и се печат на загреана рерна на 220 степени околу 40 минути, се убаво да порумени.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт