Вкусен доручек или вечера со полнење по желба.
Состојки:
- 200 мл млеко
- 50 мл масло
- 1 јајце
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- 450 гр брашно
Начин на подготовка:
- Од наведените состојки замесете глатко тесто и оставете да одмори 30 минути. Потоа развлечете со сукало круг помал од половина см дебелина, па поделете на 4 делови, а секој уште на 5 траголници.
- Секој триаголник малку затегнете го со раце и свиткајте во кифли. Редете во плех и покријте со фолија и крпа да одморат 20 минути.
- Премачкајте со жолчка во која сте додале лажица млеко. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да поруменат. Покријте да омекнат. Можете да ги полните со џем, сирење…
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт