Брзи погачици: Меки и воздушести, спремни за половина час

Брзи погачици: Меки и воздушести, спремни за половина час

Меки и воздушести погачици – готови за 30 минути.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 110 мл масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици сусам
  • 550 гр брашно
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 шолја јогурт
  • малку ким

Начин на подготовка:

  1. Во сад прво разматете едно јајце, додајте прашок за печиво, сол, јогурт и кисело млеко, сусам и масло, па добро измешајте. Потоа во смесата додајте брашно, па замесете тесто. 
  2. Развлечете на дебелина од околу еден см и вадете на подготвениот плех со калап или чаша.

     

  3. Останатото јајце разматете го, па со него премачкајте ги погачиците и по желба посипете ги со ким.

     

  4. Печете околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула