Стар рецепт за бајадера кој не излегува од мода.
Состојки:
- 500 гр. шеќер
- 200 мл. вода
- 200 гр. мелени бисквити
- 150 гр. мелени ореви
- 125 гр. маргарин
- 3 штангли чоколадо
- 3 штангли чоколадо и за глазура
- малку маргарин или масло
Подготовка:
- Се ставаат да зовријат водата и шеќерот, се тргаат од оган откако ќе зовријат, да се ладат 5 минути.
- Се мешаат мелените бисквити и ореви, се ставаат во шеќерот со вода, се додава маргарин и се убаво се меша да се соедини.
- Се дели смесата на два дела, во еден се става истопено чоколадо(3 штангли), а другиот дел си оттанува како што е.
- Се рамни темниот дел на правоаголен плех, па горе светлиот фил и горе се става растопено чоколадо за глазура.
- Се лади.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука