Специјалитет за вечера: Подгответе гурманска пилешка паштета

Специјалитет за вечера: Подгответе гурманска пилешка паштета

Здрава и вкусна домашна паштета…

Состојки:

  • 1 мало пиле
  • 1 земичка
  • млеко
  • 1 јајце
  • 2-3 кисели краставички
  • француски сенф
  • 2 лажици кисела павлака Пекабела
  • 2-3 лажици мајонез
  • сок од 1/2 лимон
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на мали парчиња и згответе го. Кога ќе биде зготвено оставете го малку да се излади. Отстранете го месото и сомелете го во машина за мелење месо. Месото префрлете го во голем сад и додајте печиво натопено во млеко. Измешајте со раце.

     

  2. Додајте едно сирово јајце и повторно измешајте. Исечкајте кисели краставички на ситни коцки и додајте во смесата. Прво додајте кисела павлака, па сенф и лимон. Потоа додајте зачини. Добро измешајте за смесата да стане глатка.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text