Направете вкусен и лесен колач.
Состојки:
- 200 мл. јогурт
- 2 јајца
- пола шолја шеќер
- пола шолја масло
- 2 шолји брашно остро
- 2 лажички прашок за пециво
Подготовка:
- Се меша брашно со прашок за пециво и се сее во сад.
- Се ставаат во друг сад јајца и шеќер, се матат пет минути со миксер, па се додава малку по малку масло додека матите со најмала брзина.
- Се става јогуртот и се меша рачно.
- На крај се става брашното со прашокот за пециво и се меша да се соедини.
- Се става на калап малку масло, па брашно, се става смесата и се пече на 180 степени околу 40 минути.
- Во смесата мое да ставите додаток по желба, овошје, чоколадо, суво овошје…
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега