Брз и едноставен десерт готов за неколку минути – неодолив колач подготвен во микробранова.
Состојки:
- 2 лажички путер од кикирики
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- 1/4 лажичка прашок за печиво
- 1 лажица какао
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажици чоколадни капки
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте. Шолјата премачкајте ја со парчиња путер од внатрешната страна, па во неа ставете ја подготвената смеса за колач.
- Колачот ставете го во микробранова на 60 секунди, па јадете директно од шолјата или префрлете го чинија.
Уживајте!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна