Направете вкусен куглоф колач со тиква и портокал.
Состојки:
- 200 гр. тиква
- 3 јајца
- 1 прстофат сол
- 150 гр. шеќер
- 150 мл. масло
- 150 мл. сок од портокал
- 1 прашок за пециво
- 250 гр. брашно
- 1 ванилин шеќер
Подготовка:
- Се сече на коцки тиквата.
- Се додаваат јајца и се става во блендер.
- Се пасира, па се додаваат на смесата масло и шеќер, сок од портокал и ванилин шеќер и прстофат сол.
- Пак се миксира смесата и се става во сад, се додава брашното и прашокот за пециво.
- Се меша добро, да нема грутки и да се соедини.
- Се става во подмачкан калап за куглоф и се пече на 180 степени, 45 минути.
- Проверете со чечкалица дали е готов куглоф колачот по 45 минути.
- Горе може да украсите со кокос.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна