Пилешко во сос од кефир и куркума – ремек дело

Пилешко во сос од кефир и куркума – ремек дело

Толку сочно пилешко не сте пробале…

Состојки:

  • 300 гр бело месо
  • 200 мл кефир
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка куркума
  • 1/2 сол
  • прстофат бибер
  • 1 веза магдонос
  • коријандер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе исечкајте го на коцки и печете пет минути на тава без додавање маснотии. Повремено протресете ја тавата за пилешкото од сите страни да биде еднакво печено. Пилешкото потоа залијте го со кефир, додајте сенф, сол, биебр, куркума и издробени семки коријандер, измешајте и динстајте на умерен оган додека течноста не зоврие, околу 5 минути.

     

  2. Пред самиот крај на динстање посипете со сечкан магдонос. Послужете топло со варен ориз и салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте