Мексичка мусака со месо, пченка и грав

Мексичка мусака со месо, пченка и грав

Направете вкусна мексичка мусака.

Состојки:

  • 600 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешни лук
  • 100 мл. масло
  • 1 мала конзерва пченка
  • 1 мала конзерва грав
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 мали шолји ориз
  • вегета, бибер, црвен пипер и магдонос

Подготовка:

  1. Се сече кромидот со лукот, се пржат на масло, се става мала шолја вода и се динста додека исчезне водата, па се додава месо и пак се става мала шолја вода.
  2. Се динста да испари и водата.
  3. Се става вегета, бибер и магдонос, се динста се заедно и кога е месото готово се трга од оган.
  4. Додека се динста месото во друг сад се става ориз, со вода да се вари околу 20 минути. Треба да има дупло повеќе вода.
  5. Се трга од оган по 20 минути, се процедува оризот и мие.
  6. Се додава во смесата со месото.
  7. Се ставаат цедени пченка и грав. Се меша и се става црвен пипер, вегета, бибер и сол.
  8. Се загрева рерна на 200 степени.
  9. Се става смесата во плех и се пече 20 минути, па по 20 минути се става рендан кашкавал и се запекува уште 30 минути.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула