Од едно тесто два врвни рецепти – прсти да излижеш

Од едно тесто два врвни рецепти – прсти да излижеш

Бидете практични и од едно тесто направете две вкусни јадења.

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 1 лажичка сенф
  • 50 гр путер
  • 15 гр квасец
  • 2 жолчки
  • 550 гр брашно
  • малку сол
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од наведените состојки и оставете да одмори околу 30 минути покриено. Вадете од тестото топчиња од околу 50 гр, па со раце обликувајте топчиња и ставајте ги на послужавник на хартија за печење.

     

  2. Покријте да одморат околу 30 минути. Пробушете ги крофните на средина. Пржете на тивок оган во длабоко масло.

     

  3. Од истото тесто можете да направите и кифли. Тестото развлечете го со сукало во голем круг и исечкајте триаголници, свиткајте кифли, покријте да одморат и печете на 200 степени 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте