Брза торта со бисквити и два вида фил од една смеса

Брза торта со бисквити и два вида фил од една смеса

Брза и лесна торта, која ќе ви се најде за гости.

Состојки:

  • 1 л. млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 3 кеси ванила пудинг
  • 250 мл. слатка павлака
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр. бисквити

Подготовка:

  1. Се разматува пудингот со шеќер и малку млеко, и се заедно се става во останатото млеко на рингла, кога млекото ќе зоврие.
  2. Се меша заедно и кога ќе се згусне се трга од оган.
  3. Се дели смесата на два дела, а во еден се става чоколадо и се меша да се стопи, додека вториот се остава така како што е.
  4. Се мати слатка павлака, се става пола во чоколадната смеса, пола во жолтата.
  5. Се мелат бисквитите и се додаваат во темниот фил.
  6. Ставете проѕирна фолија на калап, ставете го светлиот фил и израмнете, па горе чоколадниот.
  7. Изладете и послужете, а украсете по избор.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки