Направете вкусна сникерс бајадера.
Состојки:
- 200 гр. шеќер
- 150 мл. вода
- 125 гр. маргарин(посен по желба)
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 150 гр. кикиритки
- 200 гр. бисквити(може и посни)
- 150 гр. чоколадо за готвење за глазура
- 3 лажици масло
Подготовка:
- Се пржат кикиритките на тава, на средна температура околу 15 минути.
- Се ладат, па се мелат во блендер.
- Се мешаат вода и шеќер, се ставаат на оган да провријат.
- Откако ќе зовријат, за една минута се става сечен маргарин и кршено чоколадо, да се стопат.
- Се додаваат потоа мелените кикиритки и бисквитите(пола мелени, пола ситно кршени).
- Се става смесата на помал плех(23*20).
- Се рамни и малку одмара, па се става горе истопено чоколадо со масло.
- Се лади и потоа се сечат коцки.
- НАПОМЕНА: Овој десерт може да биде и посен, ако користите посни бисквити и маргарин, секако и чоколадо. Така ќе ви послужи и за деновите на псот или за посни слави.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука