Домашни равиоли по стар рецепт

Домашни равиоли по стар рецепт

Ако сакате малку да ја промените исхраната, обидете се со овој вкусен ручек.

Состојки за тесто:

  • 400 гр спанаќ
  • 1 лажица сол
  • 500 гр брашно
  • 2 јајца

Состојки за фил:

  • 200 гр буковки
  • 200 гр сирење
  • 100 гр плаво сирење

Состојки за сос:

  • 350 мл доматно пире
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица мед
  • босилек
  • сув зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Спанаќот бланширајте го па сомелете, ставете го во брашното во кое сте додале јајца и сол и замесете тесто. Поделете на два дела па ставете во фрижидер на половина час.

     

  2. Состојките за сос соединете ги и згответе ги до саканата густина. Буковките испржете ги па соединете ги со сирење. Тестото развлечете го и ставете фил, од горе ставете друг дел тесто па сечете во облик на равиоли.

     

  3. Равиолите гответе ги во врела вода. Готови се кога ќе излезат на површина. Сервирајте на сос и по желба додајте бадеми и пармезан.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text