Пикантна и вкусна пица со тесто кое секогаш успева.
Состојки:
- 400 гр. брашно
- 1 сув квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сок
- 3 лажици маслиново масло
- 100 гр. кулен
- 150 гр. шунка
- 300 гр. кашкавал
- 50 гр. маслинки црни без семка
- 200 мл. вода млака
- 400 гр. пелат домати
Подготовка:
- Се става брашно со квасец во вангла, се става шеќер, сол и вода со масло.
- Се меси тесто кое се остава од половина час до час со крпа горе.
- Се расукува потоа и се прави круг.
- Се ставаат пелат домати на тестото, па парчиња шунка, кашкавал, кулен и маслинки.
- Се пече на загреана рерна во плех со хартија, на 250 степени 15 минути.
Добар апетит!