Грчка кајгана со шери домати, фета и маслинки

Грчка кајгана со шери домати, фета и маслинки

Направете вкусна кајгана на грчки начин.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 1 кромид
  • 6-7 маслинки без семка
  • 6-7 шери домати
  • 100 гр. ронето фета сирење
  • сол, маслиново малсо и магдонос

Подготовка:

  1. Се пржи ситно сечениот кромид на маслиново масло.
  2. Се ставаат маслинките без семка, сечени на парчиња, сечените шери домати, па се намалува температурата.
  3. Се матат јајца во сад со малку сол, па се ставаат во тавата.
  4. Се ставаат ронетото сирење и малку сечен магдонос, кога јајцата се пропржени малку.
  5. Се меша додека не се испржат целосно.
  6. Се служи со леб или интегрален леб.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text