Направете рецепт од кој излегуваат два вида уштипци, солени и слатки.
Состојки:
- 300 гр. брашно
- 2 јајца
- 275 мл. јогурт
- 6 гр. прашок за пециво
- 1 кора од лимон
- 75 гр. сирење ронето ако изборот ви е солени
- ванила ако изборот ви е благи
Подготовка:
- Се сее брашно и се става прашок за пециво.
- Се додава јогурт и две јајца.
- Се соединува со мешање, па може да се подели на два дела, во едниот се става една ванила и рендана кора од лимон, во другиот сирење ронето, или пак сами одлучете, во
- Целата смеса ставете или сирење или ванила со лимон и со тоа ќе добиете солени или благи уштипци.
- Се вади од смесата со лажица и се пржи на тава со масло.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука