Слатка зелка од рерна: Ред месо, ред зелка

Слатка зелка од рерна: Ред месо, ред зелка

Одличен ручек за целото семејство.

Состојки:

  • 1 главица зелка
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 морков
  • 500 мл доматен сос
  • 1 кг свинско месо
  • сенф
  • масло
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Кромидот, морковот и лукот кратко продинстајте ги во тенџере. Додајте доматен сос па оставете малку да крчка. Месото исечкано на шницли извалкајте го добро во сув зачин, па во сенф, па ставете во тенџере. Така секое парче. Потоа зелакта исечкајте ја на крупно, секое парче обилно посипете го со масло, сув зачин и сенф па наредете по месото. Додајте шолја вода (околу 150 мл), па прекријте со алуминиумска долија и ставете во рерна, загреана на 200 степени. Оставете зелката да крчка 3 часа. Потоа, тргнете ја фолијата, измешајте и оставете да крчка во рерна уште еден час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте