Вкусен рецепт за интегрален – здрав леб

Вкусен рецепт за интегрален – здрав леб

Еве како да направите здрав, интегрален леб.

Состојки:

  • 42 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 270 мл сурутка
  • 500 гр пченично интегрално брашно
  • 70 гр обварено просо
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете квасец, шеќер и сурутка. Измешајте брашно, просо и сол во друга чинија, па додајте ја мешавината со квасец. Измесете го тестото. Ако тестото е многу тврдо, додајте малку вода. Оставете го покриено на топло место околу 45 минути да нарасне.

     

  2. Тестото промесете го на побрашнета работна површина и обликувајте векна. Ставете во четвртаст длабок плех, покријте и оставете го уште 15 минути да нарсне. Загрејте ја рерната и печете го лебот 35-45 минути. Кога лебот ќе се излади, извадете го од плехот и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте