Мафини со јогурт и лимон – Сочно и меко тесто со извонреден мирис

Мафини со јогурт и лимон – Сочно и меко тесто со извонреден мирис

Направете миризливи мафини со лимон.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 2,5 лажички прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • 150 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици рендана кора од лимон
  • 4 лажици лимонов сок
  • 250 мл. јогурт
  • 90 гр. стопен маргарин

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 200 степени и се намастуваат калапи за мафини.
  2. Се сее брашното во сад, се става сол и прашок за пециво, па шеќер.
  3. Се меша се заедно.
  4. Во друг сад се матат јајца со изрендана кора од лимон, сок од лимон и јогурт.
  5. Се соединуваат двете смеси и се става стопениот и оладен маргарин, се меша и се полнат калапите до 2/3.
  6. Се печат 15 минути на загреана рерна на 180 степени.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Салата Примавера

ПОСНО: Свежа пролетна салата

Енергетска салата

Свежа салата со моцарела

Освежителна салата

Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

За повеќе рецепти за салати кликни тука