Направете вкусен колач кој при печењето се двои на 3 слоја.
Состојки:
- 6 јајца
- 180 гр. шеќер
- 2 лажици вода
- 180 гр. маргарин
- 180 гр. брашно
- 1 ванилин шеќер
- 1 прстофат сол
- 750 мл. млеко
Подготовка:
- Се двојат белки од жолчки, се матат жолчките со шеќер и воса.
- Се додава ванилин шеќер кога добро ќе се изматат.
- Се става додека се мати и истопен и оладен маргарин, па брашно, кога ќе се намали брзината на миксерот.
- Се става малку сол и се става млеко, сеуште со матење, на тивко.
- Се матат белките во снег, па се додаваат.
- Се става хартија на плех (30X20) и се става смесата. Се пече на загреана рерна на 160 степени 50 минути.
- Се лади и сече готовиот колач.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука