Вкус на бурек, а подготовката многу брза: Излеана пита со мелено месо

Вкус на бурек, а подготовката многу брза: Излеана пита со мелено месо

Брз рецепт, едноставна подготовка, евтини состојки…

Состојки:

  • 250 гр мелено месо
  • 1 веза млад кромид
  • сол
  • бибер
  • листови магдонос
  • 50 мл масло
  • 1/2 прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 1 лажица гриз
  • сувомеснато по желба

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со жица, додајте брашно и гриз порсеан со прашок за печиво.

     

  2. Ставете магдонос. Кромидот испржете го па додајте мелено месо и сувомеснато.

     

  3. Додајте бибер и сол во брашното. Добро изедначете. Плех со големина 35х25 намастете и ставете тесто. Печете на 210 степени 50-60 минути.

     

  4. Послужете со јогурт и кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text