Евтин и практичен десерт – Состојките ги имате во кујна

Евтин и практичен десерт – Состојките ги имате во кујна

Направете едноставен десерт со состојки кои ги имате дома.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 прстофат сол
  • 1 шолја брашно(+една лажица)
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1/2 шолји шеќер
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 3 лажици какао
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 200 степени.
  2. Се матат јајца со сол, шеќер и ванилин шеќер.
  3. Се става потоа масло и млеко и се мати уште малку со миксер.
  4. Се додаваат потоа брашното со прашок за пециво.
  5. Се става во плех со хартија пола од смесата. Се става какото во другата половина, и се сипува горе.
  6. Се пече на 190 степени 45 минути.
  7. Се лади и сече. Горе ставете си кокос, шеќер во прав, или чоколадо по желба.

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Салата Примавера

ПОСНО: Свежа пролетна салата

Енергетска салата

Свежа салата со моцарела

Освежителна салата

Како да ја подготвите превкусната Рукола салата со шери домати?

За повеќе рецепти за салати кликни тука