Направете вкусни затворени пици.
Состојки:
- 250 мл. млеко
- 1 лажиче шеќер
- 1 лаиче сол
- 2 јајца
- 7 гр. квасец сув
- брашно
- 200 гр. шунка
- кашкавал
- 8 кисели краставички
- доматно пире
Подготовка:
- Се загрева млекото и во млакото млеко се става квасец и се остава да се активира.
- Се става малку брашно во сад и се прави дупка, па се става шеќер, сол и надојдениот квасец.
- Се меша и се ставаат јајца. Се меси и се додава постепено брашно да се добие потврдо тесто.
- Се остава да нарасне, па се премесува и дели на еднакви топки.
- Секоја се развлекува и се премачкува еден крај со доматно пире, се ставаат сечени шунка и кашкавал, кисели краставички ситно сечени и се поклопува со другата половина и убаво се стиска да не истече.
- Се премачкува горе со маргарин и се става кашкавал по избор.
- Се редат на плех со хартија и се печат на 180 степени на загреана рерна додека не добијат златна боја.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука