Плескавици од тиквици – брз и вкусен оброк

Плескавици од тиквици – брз и вкусен оброк

Брза подготовка, одличен вкус!

Состојки:

  • 750 гр изрендани тиквици
  • 250 гр фета сирење
  • 2 лажички микс од зачини
  • сол
  • бибер
  • 120 гр спелтино брашно
  • 2-3 јајца
  • 4 парчиња млад кромид
  • грчки јогурт

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги и посолете ги. Оставете да отстојат десетина минути и добро исцедете. Соединете ги сите наведени состојки и добро измешајте. Загрејте масло и пржете плескавици додека не поруменат. Пржете ги како уштипци.

     

  2. Ако сакате да избегнете пржење во длабоко масло, плескавиците можете да ги испечете и во рерна на 180 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text