Супер брзи: Макарони со мелено месо од рерна

Супер брзи: Макарони со мелено месо од рерна

Едноставна и вкусна вечера…

Состојки:

  • 1 пакување макарони
  • 300 гр мелено месо
  • 1 лажичка оригано
  • сол
  • бибер
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 6 печени пиперки
  • 100 гр домати пелати
  • 200 гр кашкавал
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Едно пакување макарони згответе во претходно посолена вода со 1 лажица маслиново масло. Останатото масло загрејте го и пропржете ситно сечкан кромид, лук, рендан морков и ситно сечкани печени пиперки

     

  2. Штом малку омекнат, додајте мелено месо, кое претходно сте го зачиниле со бибер, сол и оригано. Мешајте додека месото не се испржи, па додајте и домати. Потоа зачинете по желба. После 5 минути тргнете го сосот од оган.

     

  3. Во тепсија ставете макарони, прелијте со сос, измешајте, посипете со кашкавал и ставете да се пече додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text