Пита од компир без кори

Пита од компир без кори

Направете вкусна пита од компир без кори.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 500 гр. сирење
  • 8 јајца
  • 4-5 главици кромид
  • 2 лажички бибер
  • 2 лажички нане
  • 150 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се мие и лупи компирот, се ренда крупно.
  2. Се чисти и ренда на крупно кромидот.
  3. Се матат јајцата, се рони сирењето.
  4. Се топи маргарин на оган.
  5. Се мешаат компирите со јајца, кромид, сирење, зачини и маргарин и се ставаат во плех за печење.
  6. Се печат на загреана рерна на 180 степени додека не порумени се убаво.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта