Стар рецепт за крофни – вкус кој враќа во детството

Стар рецепт за крофни – вкус кој враќа во детството

Вкус кој ќе ве врати во најубавите денови…

Состојки:

  • 750 гр брашно
  • 1 дл масло
  • 4 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1/2 л млеко
  • 40 гр свеж квасец
  • малку сол
  • шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во 1 дл топло млеко со малку шеќер и малку брашно и оставете да нарасне.
  2. Додека расте разматете јајца со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол, додајте нараснат квасец, па полека додајте брашно и масло со постојано мешање со лажица.
  3. Оставете го тестото на топло двојно да нарасне па премесете го, развлечете го на 1 см дебелина и со чаша или калап вадете крофни.
  4. Оставете ги на половина час уште да нараснат, а потоа пржете во врело масло.
  5. Посипете ги крофните со шеќер во кој сте додале ванилин шеќер.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text