Мафини со ореви

Мафини со ореви

Направете вкусни мафини со ореви.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 1,5 дл. млеко
  • 150 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 150 гр. сечени ореви

Подготовка:

  1. Се меша маргарин со шеќер во прав и се матат со миксер, па се ставаат ванилин шеќер, јајца и 100 гр. рендано чоколадо и млеко.
  2. Се додава брашно со прашок за пециво и на крај оревите, па се меша со лажица.
  3. Се става се во калапи за мафини во кои ќе ставите хартиени корпи.
  4. Се полни секој калап до пола и се ставаат останатите 50 гр. чоколадо сечено на парчиња од горе.
  5. Се загрева рерна на 200 степени и се печат 20 минути.
  6. Горе кога се готови се ставаат ореви.

Добар апетит 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории