Колач без брашно со џем и чоколадо

Колач без брашно со џем и чоколадо

Неодолив вкус и мирис, се топи во уста…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 300 гр џем
  • 300 мл млеко
  • 350-400 гр пченичен гриз
  • 150 гр мелени ореви или лешници
  • 100 мл масло или растопен путер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 гр чоколадо за глазура
  • 3 лажици масло за глазура
  • кора од мандарина за декорација

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванила. Додајте млеко, масло, џем. Измешајте. Додајте ореви, гриз, прашок за печиво. Добро измешано ставете во намастен плех, печете во веќе загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

     

  2. Печениот и врел колач прелијте го со растопено топло чоколадо. Оставете да се излади па исечете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки