Идеален доручек за 15 минути: Направете уштипци без квасец

Идеален доручек за 15 минути: Направете уштипци без квасец

Послужете ги со џем, крем или крем сирење, кисело млеко, павлака, а може и без ништо.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 300 мл јогурт или млеко
  • 1 лажица масло
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1-2 лажички сол
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Просејте брашно со прашок за печиво. Додајте сол, јајце, лажица масло и јогурт. Сите состојки добро соединете ги.

     

  2. Во тенџере добро загрејте масло. Лажицата потопете ја во врело масло, па со помош на друга лажица ставајте уштипци да се пржат. Пржете во длабоко масло на средно-силна температура додека не поруменат, па свртете и пржете и од другата страна додека не поруменат.

     

  3. Готовите уштипци ставајте ги на хартиена салфета.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки