Вкусна пита без кора и брашно.
Состојки:
- 4 јајца
- 70 гр. маргарин
- 2 зденки
- 120 гр. рендан кашкавал
- 50 гр. сирење
- 1 прашок за пециво
- семки
Подготовка:
- Се матат јајца со жица, се додава истопен маргарин со рендан кашкавал.
- Додека мешате додадете и ронето сирење, како и сечени зденки.
- Се додава на крај прашокот за пециво.
- Се става семсата во калап за печење(22 на 24 сантиметри).
- Се ставаат семки и се пече на загреана рерна на 180 степени 25 минути додека не добие питата златна боја.
Добар апетит 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот
Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна