Едноставен и вкусен ручек.
Состојки:
- 1,5 кг компири
- 1/2 л павлака за готвење
- 2 дл млеко
- 1 дл масло
- 1 кесичка супа од печурки од кесичка
- бибер
- сув зачин
- магдонос
- кашкавал по желба
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите и исечкајте ги на кругови. Зачинете со бибер и сув зачин, па добро измешајте.
- Разматете супа од печурки во павлака, така што нема да има грутки, додајте млеко и масло и на крај сечкан магдонос.
- Наредете ги компирите во тепсија, ставете прелив и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Посипете со рендан кашкавал па вратете на десетина минути во рерна да се запече.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт