Тестенини со шунка и павлака

Тестенини со шунка и павлака

Брз и вкусен ручек.

Состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 1 јајце
  • 200 гр кисела павлака Пекабела
  • 2 лажици суви печурки
  • 3 кисели краставички
  • 150 гр шунка Пекабеско
  • 200 мл млеко
  • малку сирење
  • кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Тестенините згответе ги, процедете и малку изладете. Јајцата разматете ги, додајте павлака и изедначете.

     

  2. Шунката исечкајте ја на коцки како и краставичките. Сѐ ставете во тестенините.

     

  3. Во млекото додајте две лажици инстант печурки па и тоа ставете го во тестенините. Сѐ изедначете.

     

  4. Плехот намастете го со масло па ставете тестенини. Од горе можете да додадете крупни коцки сирење и рендан кашкавал. Печете на 220 степени 40-50 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text