Ловечки шницли – вкусен ручек

Ловечки шницли – вкусен ручек

Брзи ловечки шницли, фантастичен вкус!

Состојки:

  • 3 шницли по избор
  • 200 гр шампињони
  • 200 мл бело вино
  • 300 мл вода
  • 2 лажици брашно
  • 3 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • листови магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Исчукајте ги шницлите, па пржете ги лесно околу 20 минути, извадете ги од тава, па во истата тава ставете брашно и издробен лук. Пржете, па додајте 200 мл бело вино и 200 мл вода.

     

  2. Додајте сечкани шампињони, сол, бибер и вратете ги шницлите во тава да крчкаат со шампињоните.

     

  3. Поклопете. Крчкајте на тивок оган да зоврие сосот, но да не остане многу густ. Пред крај додајте сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко